Викиликс: Туѓман барал бомбардирање на Србија!

popara26 септември, 20111min00
8ff670275115aa4411cd932355fbd340

Првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман во 1992 година побарал од западните земји да се бомбардира Србија, се наведува во депешето од Загреб напишано на 30 ноември истата година, објавил Викиликс.
Туѓман сметал дека српската воена индустрија може да произведе наведувани ракети и дека “Западот треба да нападне селективни цели на српските воени инсталации.”

Во разговорот со американскиот сенатор Даниел Патрик, Туѓман, изјавил дека сите Срби веруваат дека ќе им помогнат нивните православни руски браќа.

“Србите се фалат со својата воена моќ и можноста за правење ракети кои можат да бидат наведувани”, изјавил Туѓман, објаснувајќи го неговото барање за воздушни напади.

Претседателот Туѓман на Даниел Патрик му пренел дека бил во Сараево и дека ситуацијата таму е многу тешка, но додал дека биле претерани проценките на Алија Изетбеговиќ, дека српските сили убиле 128.000 луѓе и силувале 30.000 жени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag