Шише виски старо 55 години се продало на аукција за неверојатни 55.000 ева и на тој начин се постави нов светски рекорд.
Реткото виски, односно шишето со “Glenfiddich Janet Sheed Roberts Reserve” го надмина предходниот рекорд од 35.000 евра.
Ова е првото шише од 11-те, кои се направени во 1955 година во чест на внуката на Вилијам Грант, Џенет Робертс. Таа во август го прославила својот 110 роденден и е најстарата личност во Шкотска.
Луѓето од аукциската куќа изјавиле дека ова виски било направено по највисоки стандарди и дека вреди секој цент. Заработката од продажбата целосно ќе оди во добротворни цели.