Имате проблем со вишокот на килограми? Експертите од Универзитетот во Нотингем докажаа дека вистинскиот појадок со низок гликемиски индекс (ГИ) во комбинација со со сок од јаболка му помага на телото побрзо да ги согорува мастите отколку појадокот составен од житарки и тости.
Студијата предводена од д-р Ема Стивенсон ја истражуваше здравствената состојба на младите жени и поврзаноста со појадокот. Најпрво на жените им беше даден појадок кој предизвикува зголемување на гликозата во крвта, односно корнфлекс и млеко, бел леб и џем и газирани, засладени пијалоци.
Потоа им бил даден појадок со низок гликемиски индекс и иста количина на калории, јагленихидрати, масти и протеини, односно житарици од цело зрно, компот од праска, јогурт и сок од јаболко.Три часа по појадокот, жените трчале еден час, а потоа им биле земени примероци од крвта и воздухот кој го издишуваат.
Резултатите покажале дека плазмата на слободните масни киселини, кои ја покажуваат количината на масти која телото ја користи за енергија, започнува да расте два сата по појадок со низок гликемиски индекс и дека е повеќе концентрирана, што значи побрзо согорување на масните наслаги.
„Заклучивме дека конзумирањето на појадок со низок гликемиски индекс ја зголемува оксидацијата на мастите и додека се одмараме и додека вежбаме, а притоа влијае и на апетитот, бидејќи оние кои јадеа ваков појадок подолго се чувствуваа сити“, тврди д-р. Стивенсон.