Витамини во борба за здрава и негувана кожа

popara18 октомври, 20111min00
vitamini

Освен што се грижат за нашето здравје и го подобруваат нашиот имунитет, витамините се одличен фактор за одржување на здрава и негувана кожа.

Витамин А: Помага во борба против брчките, кои не може да ги прикриеме со никаква шминка. Витаминот А, односно ретинолот во козметичките производи дирекни влијае врз намалување на создавањето на брчки и ја прави пожата поеластична.

Витамин Б3 и Б5:

Витамините Б3 (ниацин) и Б5 (пантотенска киселина) се честа состојка на производите за нега на кожата, бидејки го поттикнуваат задржувањето на течноста и ја хидратираат кожата. Овие витамини се одлични за чувствителна кожа бидејќи влијаат без да го оштетат горниот слој на кожата.

Витамин Ц: Витаминот Ц (Ласкробинска киселина) е на листата на најпопуларни состојки во козметичките производи. Тој е ефикасен како антиоксиданс, односно претставува природна одбрана против слободните радикали и нестабилните молекули кои влијаат на стареење на кожата. Витаминот Ц исто така ја штити кожата од штетните сончеви зраци и ја зачувува нејзината еластичност.

Витамин Е: Витаминот Е (алфа токоферол) е уште еден моќен антиоксиданс кој се користи во лосионите и кремите. Тој има способност да ја зачува влажноста на кожата, но и да ги неутрализира ефектите на стареењето.

Витамин К: Овој витамин е мошне ефикасен против темни подочници, па се препорачува да се нанесува пред спиење. Исто така, овој витамин е добар во борба против флеките и црвенилото околу очите. Тој продира кон низ порите до оштетените капиларии и артерии и му помага на ткивото да заздрави.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma