Витантонио Луици

popara19 септември, 20111min00
Formula One World Championship

Витантонио „Тонио” Луици е италијански формула 1 возач роден на 6 август 1981 година во Локоротондо, Италија. Тој во моментов настапува за тимот на Hispania Racing.

Возачката кариера ја зачнал во картинг трките, во кои почнал да се натпреварува на 9 годишна возраст. Интересно е да се напомене дека во 2001 година, тој го освоил светскиот шампионат во картинг победувајќи го тогашниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер.

Луици потоа се префрлил во Формула Рено шампионатот, завршувајќи втор во 2001 година. Но наредната сезона тој разочарувачки завршил на деветото место. Истата година тој победил во интернационалната Ф3 трка во Сан Марино и имал тест возења за Coloni, тим од Формула 3. Тој се префрлил во тимот на Arden за наредната F3000 сезона, каде победил во 7 од 10 трки, и така си ја обезбедил титулата на една трка пред крајот.

Во 2005 година Луици потпишал договор со Ред Бул, во кој било нагласено дека тој ќе биде тест возач, но дека во текот на сезоната би можел да го замени Кристијан Клиен, и да вози во Ф1 трките. Луици ќе го заменил Клиен во Сан Марино, Монако, Шпанија и на големата награда на Европа. Потоа повторно местото ќе му биде вратено на Кристијан Клиен.

Во 2006 година Ред Бул го купил тимот на Минарди, кој бил преименуван во „Scuderia Toro Rosso”, што на италијански значи Тимот на Ред Бул. Луици добил место во Торо Росо. На големата награда на Америка тој го освоил првиот бод за тимот, освојувајќи го осмото место. Како и да е, тоа ќе биде единствениот поен што ќе го освои во 2006 година.

Во првиот дел од сезоната 2007-ма, Луици имал лоши резултати поради несфатливите грешки што ги правел. Ист бил случајот и со неговиот колега Скот Спид, кој излегол со изјава дека тимот има намера да се ослободи од него и Луици. Згора на се имало шпекулации дека шампионот на Champcar, Бурдис, можно е да се пресели во Торо Росо. По овие случувања, Луици почнал да вози многу подобро, и во Кина, според многумина, ја извозел најдобрата трка во својата кариера, во која на крајот завршил шести и освоил 3 бода.

На 10 август 2007 година Торо Росо објавил дека потпишал договор со Себастијан Бурдис, и така Луици останал без тим. Во 2008-ма тој бил тест возач за тимот на Force India. Истата улога ја имал и во поголемиот дел од 2009 година, меѓутоа ги возел последните 5 трки од шампионатот.

Во 2010 година било потврдено дека возачи на тимот на Force India ќе бидат Луици и Адријан Сутил. Тој ги забележал првите поени на почетната трка во Бахреин, завршувајќи девети. Тој забележал два бода, поради новиот систем на бодување. На крајот на сезоната во генералниот пласман бил петнаесети со освоени 21 бод.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma