Витката линија е наследна

popara28 ноември, 20111min00
hrana koja zasituva

Според најновата студија на британските научници, постои навистина силна поврзаност помеѓу витката линија и генетските фактори кои ги носиме во себе.

Научниците од универзитетот во Лондон спроведоа анализа на податоците од родители и деца од 7000 семејства кои учествувале во истражувањето спроведено од 2001 година. до 2006. година. Истражувачите откриле дека децата чии родители се витки имаат генетска предиспозиција да бидат витки, односно дури 82% од децата кои имаат витки родители исто така биле витки.

Спротивно на тоа, децата чии родители имаат вишок на килограми имаат само 7,8% веројатност да бидат витки. Кај гојазните родители тој процент изнесува само 2,5%.

“Сите гени имаат две верзии наречени алели, и децата кои наследуваат повеќе „витки“ алели од родителите имаат значително помали шанси за проблеми со вишокот на килограми“, истакнува Џејн Вардл, еден од истражувачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag