Витни Хјустон не се дрогира ама е „отидена“ со паметот :)))))

popara13 октомври, 20111min00
x factor arrivals 181009

Познатата пејачка Витни Хјустон стана уште попроблематична откако престана да употребува дрога. Таа едноставно е луда, а неодамна за малку избегнала да ја исфрлат од авион затоа што не сакала да го врзе безбедносниот појас.

Според извори од авиокомпанијата, кога стјуардесите на Делта Ерлајнс побарале од Витни да го врзе појасот пред полетување, таа одбила, почнала да вика и да се заканува. Откако ја предупредиле дека ќе ја симнат од авионот и дека не им е гајле што е позната „фацка“, Витни морала да ја свитка опашката и да го врзе појасот.

Според пријателите на пејачката, таа изреагирала бурно бидејќи го пропуштила претходниот лет. Тие тврдат дека таа е 100% чиста од дрога и трезна  дека во моментот е посветена на снимање на новиот филм во Детроит.

Па добро, може лошиот „трип“ бил ефект на дрогата што порано ја користеше во огромни количини. Или пак можеби Витни сепак „шмркнала“ малку, онака за добрите стари времиња…

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag