Потребни состојки:
3 дл. вода
2 дл. млеко
1 квасец
1 кг. брашно
1 лажичка сол
5 лажици шеќер
1 дл. масло за јадење
Кора од 1 ломон
150 гр. чоколадо
Припрема:
Во млако млеко додадете 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно, додадете го квасецот и оставете го да стаса.
Во посебен сад ставете малку брашно, сол, шеќер, рендана кора од лимун и стасаниот квасец и размесете го тестото. Постепено додавајте ја водата и брашното и смесете го тестото. Оставете го да стаса околу 45 минути, а премесувајте го на секои 15 минути.
Ставете го тестото на набрашнета подлога и со сукало растегнете кора со дебелина од 5 мм. Направете кругови со помош на чаша. Врз еден круг ставете коцка чоколадо и краевите премачкајте ги со малку вода, па одозгора ставете уште еден круг и со прстите притиснете ги краевите.
Готовите крофни наредете ги на чаршав и оставете ги да остојат 15 минути. За тоа време ставете масло да се загрее во тенџере на средна температура. Ставете ги крофните да се пржат, па откако ќе се испржат на едната страна превртете ги на другата. Готовите крофни ставете ги прво на салфетка за да ја упие вишокот на маснотија.
Растопете чоколадо на пареа и со него прелијте ги крофните, а украсете со чоколадни мрвици во разни бои. Добар апетит!