Судот на Јужна Африка и забрани на јужноафриканската влада да купи 11 милиони кинески презервативи, бидејќи тие се премногу мали за Јужноафриканците.
Проблемот започнал кога јжноафриканското Министерство за финансии и одобрило на компанијата „Сикамба медикал“ да увезе неколку милиони кондоми од Кина. По одобрението, конкурентската компанија „Секунџало инвестментс корпорејшн“ упати жалба до судот во Преторија со многу силен аргумент: „Нашите презервативи се 20% подолги од кинеските“.
Судијата ги прифатил аргументите дека кинеските кондоми се премали, со лош квалитет и дека не се одобрени од Светската Здравствена Организација.
Со 5,38% серопозитивни лица од 50 милиони жители, Јужна Африка има најголема стапка на ХИВ инфицирани лица во светот.