Уште една снимка поврзана со Моамер Гадафи го потресе светот. На снимката се гледа како полковникот си игра со своите децата во доцните 80-ти години, исто така снимката открива уште една шокантна вистина. Хана Гадафи, посвоената ќерка на либискиот лидер Муамер Гадафи, која, наводно, била убиена за време на ракетните напади на САД врз Баб Ал-Азизија во 1986 година, е се уште жива.
Краткото домашно видео кое можете да го погледнете подолу било снимено три години по нападите на САД врз Либија, јавува Телеграф, а на снимката јасно се слуша како полковникот го повикува девојчето со името Хана.
Девојчето од снимката многу наликува на возрасната девојка која исто така се вика Хана, чии свидетелства биле пронајдени во една од спалните соби на засолништето на Гадафи по падот на неговиот режим.
Мала хероина Хана, како што на снимката ја нарекувал Гадафи, со години била изговор за конфронтација на полковникот со западните земји, неговите службеници велат дека полковникот по убиството на Хана, посвоил девојче кое го именувал со истото име.