Филип Шнајдер починал на 16 јануари, 1996 година, а последните две години од својот живот ги поминал во разоткривање на воeни тајни кои вклучуваат и постоење на вонземјани.
Неговите тврдења за постоење на вонземјани не се озбилно сфатени и немале прилика да стигнат до широката јавност, но добија на тежина по неговата смрт која се случи под сомнителни околности.
Шнајдер наводно работел како инжењер за американската Влада и учествувал во проектирање на подземните воени бази низ САД. Исто така, наводно, тој е еден од тројцата кои ја преживеале фаталната пресметка со вонземјаните која се случила во една подземна база во Ново Мексико во 1979 година.
Неговата тогашна задача била да работи на проширување на базите, а тоа вклучувало и истражување на подземјето како би можел да ги подготви соодветните експлозиви за уништување на одредени видови камења.
Во една таква експедиција, заедно со своите соработници, тој наишол на пештера полна со непријателски расположени вонземјани кои имале оружје во облик на кутија и кои исфрлале смртоносни количини на зрачење.
Шнајдер наводно бил ранен од тоа оружје, и на крајот заболел од рак и ја напуштил оваа работа за да се посвети на разоткривање на вистината. Во таа вистина наводно спаѓа и фактот дека вонземјаните веќе неколку десетици години престојуваат на Земјата, а според неговите проценки, можеби и милион години.
Тврдел дека постои и „црн фонд” во американскиот буџет, и дека годишно од него се прелеваат трилион долари посветени исклучиво на овие подземни бази и нивните тајни операции.
Во своите говори тој детално ги опишал и наводниот подземен комплекс под аеродромот во Денвер, како и мрежата со која се поврзани сите подземни комплекси во САД. На жалост, за живеење на вонземјани не понудил конкретни докази кои би ги потврдиле неговите тврдења, но има се повеќе кои веруваат дека во овие тврдења може да има вистина. Се надеваме дека некој ќе собере храброст и ќе ги истражи неговите исклучителни приказни.