Филмот, насловен како “Мајкл Џексон: Животот на иконата” е името на новиот филм посветен на кралот на попот. Од продукцијата најавуваат дека новиот филм ќе содржи многу нови контраверзни детали од судскиот процес во 2005 година кои биле досега непознати за јавноста.
Ќе биде опфатено и неговото семејство и како тие се справувале со ситуацијата додека тој беше обвинет за злоупотреба на деца.
Продуцент на филмот е близок пријател на Мајкл од детството. Филмот ќе содржи 50-тина интервјуа на негови најблиски пријатели и членови на семејството. Во прилог на филмот ќе биде интервјуто со најстарата сестра на Мајкл Реби, која ретко се појавува во медиумите, ќе се прикажува неговиот живот од времето на Џексон 5 па се до смртта предизвикана од користење Пропофолот.
“Ова ќе биде навистина извонреден филм кој ќе доведе до емоционален тобоган и ќе предизвика солзи кај гледачите, но со помош на филмот ќе разберат кој бил човекот што стои позади таа музика.”- изјави мајката на Мајкл, Катрин.