Веб страната Hollywoodlife.com направи анкета на која се гласаше за личност која најдобро и најлошо се бакнува.
Роберт Патинсон освоил повеќе од 50% од гласовите. Со тоа тој е прогласен за човек кој најдобро се бакнува. Човек со кого најмногу би сакале да се бакнат.
Додека пак, најлош во бакнвувањето е Анџелина Џоли. Со неа најмногу луѓе не би сакале да се бакнат. Најверојатно за таквиот став на анкетираните има придонесено изјавата на Џејмс Меккевој, нејзиниот партнер во филмот “Wanted”, кој изјави дека бакнувањето со Анџелина било чудно, влажно и не многу убаво. Втора личност која најлошо се бакнува е Викторија Бекам.