Деновиве на интернет се појави насловната страна на декемврискиот Плејбој со актерката Линдзи Лохан. Планираниот датум на излегување бројот е 15 декември.
Линдзи Лохан (25) изгледа преубаво, и за разлика од шпекулациите не потсетува баш на легендарната актерка Мерлин Монро. Всушност, изгледа стилски, без разлика што е гола.
Столицата во препознатлив облик на заштитното лого на Плејбој ги крие нејзините интимни делови. Долгата, руса коса и паѓа преку рамениците, а на себе имала црни чизми со високи потпетици.
Од Плејбој изјавиле дека Линдзи ќе даде само едно интервју поврзано со нејзиното појавување во познатиот магазин, и покрај големиот интерес на јавноста.