Во црн костим и штикли Чен Наи Ронг делува како деловна жена од некоја компанија, но кога ќе го видите нејзниот став ќе сфатите дека се работи за нешто друго. Чен е телохранител.
„Многу често жените се посилни од мажите“, изјавил Чен.
Вен Цуи е жената која ја основала агенцијата за заштита „ Goudun“, во која работат само жени телохранители. Таа има 60 телохранителки и обучува уште 30. Тренингот вклучува кунг фу, следење, прва помош и други вештини. Девојките ги тренираат поранешни воени и полициски ветерани.
Во Кина постојат околи 3000 компании за заштита. Во оваа земја, третина од милионерите се жени, па на многу од нив им треба заштита.
Компанијата наплаѓа по 3000 долари на ден за еден телохранител. Кина е земја каде има се повеќе милионери, конкуренцијата расте, а исто така и зависта, па често има киднапирања, убиства итн. Телохранителките начесто ги ангажираат жени, но некогаш и мажи.
httpv://www.youtube.com/watch?v=hKtjykOSHAw