Во воздушен напад на НАТО убиени се 14 лица, жени и деца, а при нападот во провинција Хелманд биле повредени и шест лица.Нападот е изведен доцна синоќа во областа Навзад, соопшти портпаролот на провинциската управа Давуд Ахмад.
Според него, цел на ударот биле бунтовници талибанци, но наместо тоа, НАТО авионите бомбардирале две куќи на мирни жители, при тоа убивајќи две жени, пет девојчиња и седум момчиња.
Според портпаролот, воздушниот удар следел по бунтовничкиот напад врз база на американски маринци во Навзад.
Портпаролот на НАТО, мајор Тим Џејмс соопшти дека сојузнички и авганистански единици го истражуваат случајот и објаснувања ќе дадат подоцна.
Извор: Нетпрес