Фергусон: Никогаш не сум видел подобар тим од оваа Барселона

29 мај, 20110
edf6da0b-e0dc-45e8-a50b-063b876dc020.634395092220956740

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, во суперлативи говорел за играта на Барселона по поразот во финалето од Лигата на Шампионите.

“Никогаш ниту една екипа не не надиграла така како вечерва Барселона. Тие покажаа како се игра фудбал и уживаа во тоа. Не излудуваа со своите додавања, а Меси не успеавме да го исконтролираме во ниту еден момент. Од кога се занимавам со ваква работа, ниту еден тим не играл вака добро” – спортски признал искусниот шкотски стратег.

Неговиот колега, Пеп Гвардиол кратко прокоментирал дека е привилегиран што ја тренира оваа екипа.

“Навистина е чест да се биде тренер на вакви момци. На крајот на краиштата не се чувствувам како да сум им некаков шеф. Сите напорно работевме за да дојдеме до овој трофеј. Навистина сум задоволен од тоа како игравме и сега само сакам да се одморам. И следната сезона сум во Барселона, а ќе видиме што понатаму.”- рекол Гвардиола.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi