Во Њујорк ќе се гради подземен парк

popara6 октомври, 20111min00
newyorkcity2

Во Њујорк би можело наскоро да  почнат да растат дрва и цвеќиња под земја. Архитектите планираат да направат подземен парк во тунелот од подземната железничка станица, која одамна веќе не се користи.

Бетон, кули од стакло, улици обвиени со облакодери во делот на Менхетен , каде што зградите се збиени една до друга. Тука нема место за паркови и градини. Оној кој тука планира да направи зелена оаза, мора да биде инвентивен. Но, парк под земја – да не е тоа луда идеја?

Во никој случај , смета Џејмс Ремзи од Архитектонското биро RAAD  во Њујорк. Заедно со уште двајца колеги, овој архитект планира да донесе дневна светлина  до паркот под земја, на кое пред 60 години се наоѓала трамвајската станица.

„Ќе ги пренасочиме сончевите зраци, како што тоа го правеле страите Еѓипќани кога ги граделе гробниците, само што ние ќе користиме супермодерна техника“, рече Ремзи за „New York magazine“. Со помош на кабли и огледала, сонцето ќе допре под земјата, со што ќе се овозможи фотосинтеза на растенијата.

Оваа технологија веќе нашла примена на Потсдамскиот плоштад во Берлин, каде што станицата на метрото се осветлува со помош на огледала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag