Во САД се слави победата на хомосексуалците над армијата

popara20 септември, 20111min00
6a00d8341c730253ef01539190adb1970b-800wi

Соединетите Американски Држави денес го слават “Денот на укинувањето”, во превод денот кога по две децении хомосексуалците можат слободно да служат војска без да бидат приморани да молчат за нивната сексуална определба.

Со отфрлањето на правилото “Не прашувај, не кажувај” значи дека припадниците на вооружените сили можат отворено да кажат дека се хомосексуалци без да имаат страв дека према нив ќе се врши истрагата, или пак разрешување од армијата.

Низ САД биле организирани многу забави по повод  “Денот на укинувањето” како би се обележала “победата на правата на геј популацијата.”
Минатата година Американскиот конгрес го изгласал законот за отфрлање на правилата, кој бил воведен во 1993 година за време на администрацијата на Бил Клинтон. Според оваа регулатива, хомосексуалците не смееле да зборуваат отворено за својата сексуална ориентација, додека на службениците не им било дозволено да прашуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma