Во Шкотска пронајдена првата Викиншка гробница!

popara20 октомври, 20111min00
11292058024e9ee5f842fc0933098538_orig

Археолозите на изолиран шкотски полуостров пронашле остатоци од викиншки војсководец, зкопан со неговиот брод, секира, меч и копје.

Како што пренесуваат агенциите, станува збор за првата комплетна, недопрена гробница, пронајдена на територија на Велика Британија, што ова откритие го прави едно од  најважните археолошки откритија.

Гробницата, долга пет метри и стара повеќе од 1000 години, пронајдена е на полуостровот Ardnamurhan, на западниот брег на Шкотска. Поголемиот дел од дрвениот број и коските на викингот биле распаднати, но сочувани биле 200 метални навртки.

Археолозите исто така, ископале кружена метална плоча, која се прицврстувала за средината  на штитот, бронзени токи, нож, керамика и алатки.

За време на осмиот и деветтиот век, Викинзите често вршеле напади во Шкотска и североисточна Англија, а многумина се имаат и населено во тие области.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag