Србија која е позната земја за ракија, еден жител на Буџановац направил ракија од банани, која мештаните ја крстиле „Мајмуновача“.
Со својот изум земјоделецот Златко Сремчевиќ веќе станал познат во Србија, а идејата му дошла сосема случајно.
На пазар купил евтини презреани банани и се сетил дека одамна чул дека некој праел ракија од нив. Земјоделецот инаку секоја година правел ракија од круши и сливи, па решил оваа година да се обиде и со бананите.
„Добра е, сите луѓе кои ја пробаа кажаа дека е одлична. Има егзотичен вкус и мирис, кој нам не ни е познат. Не е како крушката, но вкусна е, уникатна“, изјавил Златко.
Иако тој испекол 300 литри „мајмуновача“ за сега таа не е на продажба. Земјоделецот рекол дека има доволно за пријателите и за оние кои сакаат да ја пробаат.