Во затвор за лажен профил на facebook!

popara22 септември, 20111min00
zatvor

Белгискиот суд осуди една 38-годишна жена на седум месеци затвор бидејќи на Фејсбук отворила лажен профил на име на нејзиниот поранешен шеф со цел да го компромитира.

Оваа жена, во 2010 година на најпопуларната социјална мрежа направила лажен профил со името на својот поранешен директор, а потоа на тој профил пишувала пораки кои укажувале дека нејзиниот претходен работодавец, стар 36 години, има вонбрачна врска.

Судијата решил да ѝ даде строга казна од седум месеци затвор и парична казна од 550 евра. Нејзиниот сопруг, кој исто така бил судски гонет бидејќи ѝ бил соучесник во целата приказна, засега е ослободен од било какви обвиненија.

Авторот на лажниот профил е пронајден преку IP адресата на компутерот, на основа на што потоа е претресен нивниот стан.

Ова е прва пресуда во Белгија за создавање лажен профил на Фејсбук. Затоа, внимавајте кого прифаќате и не дај Боже да ви паднало на памет да создавате лажни профили со скриена и подла цел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag