Водоотпорен Android таблет

popara28 ноември, 20111min01
12526217344ecfaf7c83ca8321442116_640x242

На почетокот на овој месец компанијата Fujitsu, на конференцијата Fujitsu Forum 2011, го прикажа својот водоотпорен Android таблет – Аrrows Tab LTE F-01D

Уредот кој засега е достапен само во Јапонија, може да се потопи на длабочина од еден метар, тежок е  597 грама и тоа го прави идеален за користење, да речеме во када или кујна.

Овој 10 инчен таблет, со дебелина од 13 милиметри, има процесор со две јадра од 1 гигахерц, USB порт, подршка за Wi-Fi и работи на Android 3.0.

Eкранот е со 1280 х 800 резолуција, а има и задна и предна камера од 5,1, односно 1,3 мегапиксели.

Сајтот Netbook Italia неодамна објави дека овој уред ќе се појави во Европа наскоро, пренесува The Verge.

One comment

  • marija

    25 јануари, 2012 at 23:16

    epa aj neka nema brojki na ekranot 😀

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma