Водопадите Игуасу

popara27 септември, 20111min00
91_iguasu

Тропско чудо, помеѓу три земји

Доколку водопадите на реката Игуасу, би биле лоцирани покрај некоја голема туристичка локација, во некој предел кој има пристапен пат, а не би се наоѓале во тешко преодната јужноафирканска прашума, не би можеле да се одбранат пред масата на посетители и многу поодамна би ги надминале сите рекорди на Нијагарините водопади. Всушност, на двете крајбрежја на реката се наоѓаат два града – Фос до Игуасу во бразилската држава Парана и Порто Игуасу во аргентинската провиниција Мисионес – која за својот опстанок е потребно да се заблагодари исклучиво на познатите водопади, сепак водопадите Игуасу го зачувале приматот на туристичка атракција. Бидејќи до сега, не е донесена одлука, водената маса да се искористи за производство на електрична енергија, претставува тропско чудо кое се наоѓа на тромеѓие – меѓу Бразил, Аргентина и Парагвај.

Богатата и брза Игуасу е притока на 4.700km долга Парана, која се соединува со Рио Уругвај и уште една река покрај Буенос Аирес, сега именувана како Рио де ла Плата, се влева во Атлантикот. Изворот на реката Игуасу се наоѓа во близина на Куритиба, во шумата покрај крајбрежјетп на Сера дел Мар.

И покрај, бројните бразци, 750km долгата река во поголемиот дел е пловна за бродови. Во горниот тек на реката Паране има многу водопади, од кои најинтересен е водопадот Гваир, а после овој водопад, реката се слева во длабокиот кањон долж границата помеѓу Парагвај и Бразил. Сите притоки кои се слеваат во Парана, мора да се “симнат“ низ овој кањон. Затоа целото пордачје е богато со брзаци и водопади. Најубавиот меѓу нив е водопадот Игуасу, 23km пред влевањето во реката Парана.

Многу важно е да се посочи, дека овде не станува збор само за еден и единствен водопад, туку за 21 водопади, кои паѓаат во еден теснец во 70 до 80m длабока клисура. Шумот на водопадите може да се слушне и до 25km. Околу половина од протокот на реката паѓа во долга и тесна бездна наречена Ѓаволско грло (Garganta del Diablo на шпански или Garganta do Diabo на португалски). Водопадите се најјаки кога врне дожд, кога за еден час поминува 140 милиони тони вода.

Првите вести за водопадите Игуасу во Европа пристигнале многу доцна, дури во шеснаесетиот век. Тогаш, во Парана и Парагвај се започнало со градење на познатата “Индијанска Република“. Гвараните, овие места ги претвориле во “редукции“. Исусовците, организирале обработка на полињата, оплеменување на парагвајскиот чај, се грижеле за редукциите и ги создавале и ги одржувале потребните врски за надорешната трговија.

Новодојденците (белци) немале ништо што да бараат во редукциите. Кога доаѓале трговците, да ја предадат робата, ги примале во куќите за посета, кои биле далеку пред селата и тамо ги нагостувале. Со тоа, затварање пред европската цивилизација бил еден од темелните принципи. Не било случајно што татковците ги избегнувале подрачјата на големите реки каде што живееле белците и што тргнале кон неоткриените внатрешни делови на земјата.

Неколку години подоцна сето тоа се сменило. Португалските авантуристи, ги откриле “редукциите“ како извор на робови. Околу десет илјади Индијанци биле однесени и продавани како робови.

Водопадите претставувале првата пречка. “Се обиделе да се спуштат со чамци низ водопадите, но не успеале. Им било потребно недела дена додека да ги заобиколат водопадите и да започнат со градење на нови чамци. Мал број на луѓе се обиделе повторно со чамците; останатите тргнале преку непреодната прашума, но голем дел од нив умреле од глад или од заразни болести“.

Португалците и Шпанците ги прогониле исусовците, Индијанците се вратиле во шумата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag