Вонземјаните ја загрозуваат религијата на Земјата! Е како де?! :)

popara5 октомври, 20111min00
v

Еден професор на конференција за патување во вселената, организирана под покровителство на владата на САД, изјавил  дека откривањето на воземјаните ќе доведе до значајни проблеми за религијата.

Во говорот под наслов „Дали Исус умре и за Клингонците?“, германскиот академик Кристијан Вајдман, истакнал дека се можни компликации кои би биле предизвикани од натамошните истражувања на вселената и дека ќе постои теолошки конфликт.

Но, тој додал и дека овој неизбежен теолошки конфликт може да се реши. Вајдман, кој е професор на Рур Универзитетот во Бохум, изјавил дека смртта на Христос, пред околу  2000 години, била остварена за да се спаси целиот жив свет.

Меѓутоа, тој жив свет, како што го дефинирале научниците, вклучува 125 милиијарди галаксии со стотици милијарди ѕвезди во секоја галаксија.

Тоа значи дека, ако постои интелигентен живот на други планети, тогаш Исус или Бог морале да ги посетат и нив и да поднесат ист вид на жртва. Алтернативно решение, според Вајдман е дека Исус ги одбрал земјаните како единствена раса која ќе ја спаси, и го одбил секој друг вид на живот во останатите галаксии. Или пак, можеби поради тоа што само тие биле единствената раса која била грешна и барала спасение, кажал професорот и додал „сега разбирате за каков конфликт станува збор“.

„Ако воопшто постојат вонземјани, логично е да се претпостави дека повеќето од нив се грешници. Дали Исус ги спасил и нив? Мојот  став е, не. Ако е така, тогаш нашата позиција меѓу интелигентните суштества во универзумот е многу посебна“, пишувало во неговото излагање.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma