Уште еден НЛО „фатен“ на камера, како излегува од вулканот Парианакота, на граница измегу Чиле и Боливија. Дали станува збор за летечки објект кој ја напушта својата база?
Сведокот кој го има документирано настанот вели дека за време на ручекот ја оставил камерата да снима па откако ги премотувал снимките забележал сосема необичен детал кој премногу го изненадил.
Снимката покажува како ситен објект излегува од вулканот и низ облаците се провлекува кон длабоките височини во небото. Од снимките па и не може да се утврди точно за што се работи, но очигледно е дека има нешто сосема необично.
Иако не може со точна сигурност да се рече дека се работи за вонземјанска технологија и дека вонземјаните имаат своја база под вулканот, но таа теорија е една од најактуелните објаснувања.
Видео снимката е направена на 21 август годинава.