Возбудливата дивина на Африка – Кенија и Боцвана

popara3 декември, 20114min00
kb

Оние коишто сакаат да се најдат во вистинска дивина опколени со дивите животни во својот природен хабитат сафарито е вистинскиот избор.

Туристичките агенции советуваат да се скокне до Кенија, земја која што е најпозната по сафари турите, но тука се и Танзанија, Боцвана или Зимбабве.

Покрај незаборавните авантури на сафарито на посетителите им се нудат и сите други чуда на Африка.

Еве еден краток избор од познати национални паркови во Африка.

Кенија

Најдобар избор за оние што не сакаат да згрешат. Кенија е земја на сафарито, позната по своите резервати, меѓу кои е и познатиот Масаи Мара.

Најпознатата сафари тура во овој парк се вика Аут оф Африка кај што се опфатени уште три национални парка , Тсаво Ест, езерото Накуру и Килиманџаро Кимана.

 

Боцвана

Прозирната сина вода на најголемата делта на светот Окаванго и стадата слонови се она што највеќе ги привлекува туристите во Боцвана.

Популарно место за ловците е центарот на пустината Калахари којшто е ненаселен национален парк со големина на Белгија.

Националните паркови  завземаат речиси една третина од целокупната површина, а посебна атракција во нив се хиените, леопардите и антилопите.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag