Возел разговарајќи на два телефони! Несмеел да спушти ниту на жена му, ниту на мајка му! :)

popara19 декември, 20111min00
tel

Италијанската полиција запрела еден возач во Бари, на југот на Италија, кога го забележале дека зборува не на еден, туку на два мобилни и дека рацете не му биле на воланот, туку го управувал со помош на колената.

Кога го прашале полицијаците од сообраќајната контрола зошто бил толку невнимателен и бил опасен за себе и за останатите во сообраќајот, 43 годишниот возач одговорил, дека на едната линија била жена му, а на другата мајка му. Бидејќи и двете му зборувале нешто важно несмеел да им спушти на ниту една од нив.

Сепак, ова не го спасило возачот, па тој добил казна од 152 евра и пет негативни поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag