Возможно ли е да ги лаже сите но не и вас?

popara21 декември, 20111min00
l

Лагата. За тоа станува збор во следните неколку редови. Луѓето едноставно не се менуваат!

Проблемот е што долго време не сте успеале да го видите она што ви било пред очите цело време! Всушност се, што сакате да знаете за еден човек лежи на површината, но многу често вие не сакате да го видите тоа. Зошто? Вашиот партнер пред вас го лаже шефот дека е болен. Ги лаже пријателите, ама вас никогаш не ве лаже! Мислата за тоа е многу пријатна, но многу погрешна.

Ако внимателно набљудувате за неколку месеци можете да откриете речиси се за човекот до вас. Ако сакате да знаете како ќе постапи во иднина, погледнете во минатото. Тој нема да се промени поради вас, верувајте, луѓето не се менуваат!

Најчесто луѓето привремено прикриваат некои црти од својот модел на карактер, но не за долго. Затоа првите поголеми кризи во врската се појавуваат после првата година кога маските ќе паднат.

Какви се шансите реално, партнерот да ги лаже сите, а да не ве лаже вас? Нула! Мислата, дека човек постапува со другите по определен начин, а со вас по друг, не работи. И кога повторно некој ќе ви каже„ Те сакам и ќе направам се за ова да не се повтори“ не верувајте. Колку долго ќе трае тоа, ќе откриете вие сами, до следната реприза на истото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma