Уругвај најавил отпуштање на својот командант во мисијата на ОН на Хаити, откако во јавноста се појавила снимка, како неколку Уругвајски мировници сексуално злоупотребувале младо момче од Хаити.
Министерството за одбрана на Уругвај потврдило дека почнало со отповикување на војниците вклучени во инцидентот. “Воената морнарица сака да дознаете повеќе детали во врска со случајот и да утврди дали имало прекршување на военото однесување. Ако тоа се покаже како точно, на осомничените ќе им биде судено и ќе бидат казнети”, изјавил портпаролот на министерството.
http://www.youtube.com/watch?v=mAVdxsz-8YM&feature=player_detailpage#t=0s
Инцидентот наводно се случил во градот Порт Салут, а снимката се проширила кога две момчиња од Хаити копирале музика за војник од Уругвај. Видео го снимил припадник на силите на ОН, објавува Ал Џезира.