Вселенскиот брод од Mercedes

popara7 јули, 20111min00
Mercedes-Benz_BIOME_Concept_1

Mercedes-Benz BIOME – еден од најдобрите и најмбициозните концептуални автомобили на денешницата. На кратко кажано, BIOME е концепт кој попрво би требало да се развива во лабораторија, отколку на производна лента. Тој претставува илустрација на визијата за перфектно возило од иднината, кој е создаден и функционира во вистинска симбиоза со природата. Mercedes-Benz BIOME е природен технолошки хибрид кој формира дел од еко-системот на земјата. “Тој расте и напредува како лисјата на дрвата” – кажа Хјуберт Ли, човекот на чело на напредното дизајнерско студио на Mercedes-Benz.

Оваа визија вклучува употреба на материјал наречен био-фибер, кој е полесен од метал или пластика, а сепак посилен од челик. Тоа резултира со целосна тежина на возилото од 394 кг и плус целото возило е биоразградливо.

Ентериерот на BIOME, би требало да “расте” од ДНК-то во Mercedes ѕвездата на предниот дел од возилото, додека екстериерот “расте” од Mercedes ѕвездата сместена во задниот дел на возилото. За задоволување на специфичните потреби на клиентите Mercedes ѕвездата е генетички направена и возилото “расте” кога генетичкиот код ќе се искомбинира со семената капсула. Тркалата “растат” од четири посебни семиња – објаснува Mercedes-Benz.

Ова возило би се напојувало со “BioNectar4534”, кој би се складирал директно во био-фиберот, кој би емитувал ништо друго освен чист кислород.

Навистина интересно и лудо амбициозно. Невозможно? Можеби.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag