Вселенскиот отпад – нов предизвик за научниците!!!

popara3 септември, 20111min00
otpad vo vselenata

Количеството на отпад кој орбитира околу земјата достигнува критично ниво. Отпадот преставува голема закана астронаутите и вселенските станици. „Алармот мора да се вклучи“ истакнуваат Истражувачите на Американскиот Национален Истражувачки Совет, непрофитна организација која дава стручни совети за научните проблеми.

Во студијата изработена од Американскиот Национален Истражувачки Совет истакнува дека НАСА мора веднаш без никакво одложување да изготви нова стратегија за да го реши овој проблем. Орбитата е преполна со остатоци од вселенски летала, стари сателити и друг вид на отпад кои кружат околу нашата планета со брзина од 28.000 километри на саат.

Отпадот преставува огромна опасност за над 1000 комерцијални, воени и приватни сателити, кои се дел од глобалната индустрија и кои само минатата година оствариле профит од 168 милијарди долари.

Првата вселенска колизија се случила во 2009 година кога се судриле американски и руски сателит на 788 километри над Сибир, генерирајќи илјадници парчиња орбитален отпад.

Според податоците на Американската мрежа за вселенски отпад, количината на орбитален отпад (со пречник од над 10 сантиметри) во 2006 година изнесувал 9.949, а во јуни оваа година биле пронајдени 16.094 парчиња отпад.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag