Имиграционите власти во САД го притвориле вујкто на Барак Обама, бидејќи бил уапсен дека возел под дејство на алкохол во Масачусетс.
Чичкото на претседателот на САД, Онјанго Обама, е уапсен минатата недела во Фрамингем, бидејќи за малку ќе предизвикал судир, игнорирајќи го знакот стоп на патот.
Кога полицајата го прашала дали сака да повика некого, тој им рекол, Ќе ја повикам Белата куќа”.
Маргарет Вонг, портпаролка на имиграционите власти на Кливленд која го претставува Онјанго, потврдила дека 67-годишниот човек е чичко на Обама.
Онјанго Обама, со потекло од Кенија, е брат на тетката на претседателот Зеитуни Онјанго, која минатата година добила право да остане во Америка по декретот за депортација.