“We are the Champions”- “најзаразна” песна на сите времиња:) видео:)

popara2 октомври, 20111min00
naslovna

Песната ”We Are The Champions” од групата ‘Queen’, најпривлечна и “најзаразна” песна на сите времиња, според најновата студија на Универзитетот ”Goldsmit” од Лондон.

Песните кои ќе ги натераат луѓето да играат и пејат кога ќе ги слушнат во клубови или барови имаат четири клучни елементи –долга и детална музичка фаза, повеќе промени во песната, музички вокални способности и вокален напор за да се произведе препознатлива нота, велат истражувачите.

Според нивните зборови, машките вокали во песната се многу важни, бидејќи пејат на начин на кој песната звучи како борбен вик. Луѓето во овие пејачи бараат лидер, кој ќе го води во борба.

-Секој музички хит се потпира врз основа на математиката, науката, инженерството и технологијата, и се движат од физиката и звучните фреквенции кои ја утврдуваат состојбата до високо дигитални процесори и синтисајзери, кои на песната и обезбедуваат дополнителни ефекти и ја прават попривлечна – објаснува професорот Даниел Муленсифен.

Истражителите направиле список на најпривлечни песни меѓу кои, покрај  ”We are The Champions” од 1977 година, се најдоа и ”The Final Countdown” од 1986, ”Fat Lip”од 2001 и ”Livin’ on a Prayer” од 1986 година.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma