Kако што велат од истражувачкиот центар СЕТИ, чија главна задача е истражувањето по вонземска интелегенција, наведуваат дека во близина на Земјата постојат три огромни вселенски бродови, и според нивните прогнози за два месеци тие ќе се запознаат со човештвото.
Медиумите во Америка веќе се спремаат за психичкиот ефект од инвазијата на вонземјанците на Земјата. Нивната цел се уште не е позната така да можеме да слушнеме повеќе различни сценарија, па затоа британскиот „Гардиан“ објавил шокантна сторија под наслов „Вонземјаните може да го уништат човештвото“.
„ Зависи од тоа како ќе се однесуваат со нас, бидејќи вонземјаните од луѓето можат да го искористат драгоценото искуство и напредна технологија“ – се вели во сторијата.
„Ако вонземјаните сакаат да нанесат зло на човештвото, можат да не искористат во експериментирање на непознати болести или да направат од луѓето нова непријателска вештачка интелегенција и со која би започнале голема страшна војна“ пренесува 24 сата.
Како дополнување на оваа теза, печатените медиуми наведуваат дека Викиликс ќе објави тајни доверливи документи, за чија работа наводно е заслужна вонземска известувачка служба.
„ Со пристигнувањето на трите големи вонземски бродови, се означува почетокот на службената инвазија на Земјата “ ја заокружуваат својата констатација од „Гардиан“.