За Ким Кардашијан нема стриптиз!

popara23 јули, 20111min00
71787-5-kim-kardashian

Следува бурен викенд за старлетата Ким Кардашијан. Заедно со своите сестри и пријателки, Кардашијан се подготвува за својата моминска забава и тоа, ни помалку ни повеќе, туку во Лас Вегас – градот на гревот.

Сепак, она што ги зачуди сите е фактот дека „мирната“ Ким побарала од своите сестри да нема стриптиз на нејзината забава. Оваа информација ја обелодени нејзината пријателка Бритни Гастино која тврди дека на моминската забава на Клои Кардашијан, таа и Ким буквално избегале од стриптизерите. Како причина за оваа одлука, Гастино изјавила дека таа и Ким не сакаат да го доживеат филмот „The hangover”. Некој најверојатно заборавил да и каже дека сите проблеми во филмот настануваат како последица на подметната дрога, а не заради еден целосно безопасен стриптиз.

Сепак, последниот збор за забавата ќе го има организаторот, а тоа е Клои, сестрата на Ким. Клои, која имаше сопствена луда моминска вечер преполна со предмети во форма на пениси, изјавила дека нема да и дозволи на Ким да се извлече лесно. Останува да видиме. Па, им посакуваме убав викенд  и чекаме „сочни“ слики кои веднаш ќе ги споделиме со вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag