Сакате да дознаете кој е најбрзиот начин да ослабнете??? За некои е секојдневие, додека за некои е мачење…. За да ослабнете, барем „визуелно“, изберете чевли со високи потпетици, и тоа во месо боја.
За оние жени кои сакаат да изгледаат визуено послаби, експертите советуваат чевли со високи потпетици во месо боја, трансформација која трае само неколку секунди а создава неверојатна илузија дека сте многу послаби од реалноста. Познатите ѕвезди, ако Бијонсе, Сара Џесика Паркер и Викторија Бекам ја знаат оваа тајна, па затоа нив никогаш нема да ги видите без нивните омилени високи потпетици. Штикли во месо боја даваат впечаток на долги нозе и цврсти бедра, ги тераат жените да се исправат и да го вовлечат стомакот.
Формулата за избирање на совршените чевли е да се изберат чевли кои ќе одговараат на вашиот тен, па ќе изгледаат како да се продолжение на вашите нозе. Платформата треба да биде прикриена и најмалку еден сантиметар поместена во длабина за да се обезбеди максимален впечаток.
Висината на потпетиците е од клучна важност, односно тие мора да бидат високи најмалку 7,6 сантиметри за да се добие посакуваниот ефект. Држете се до тенки потпетици, бидејќи дебелите привлекуваат внимание и ја рушат илузијата. Исто така избегнувајте ременчиња околу глуждот, бидејќи тие прават нозете да изгледаат пократки и пошироки.