Истражувањето објавено од страна на ТВ каналот „Discovery“ наречено „Сакавте да знаете“ покажува дека Србите најмногу ги преокупира прашањето за смислата на животот, а жителите на Хрватска, Романија, Бугарија и Словенија сакаат да знаат што се случува по смртта.
Истражувањето покажа дека 41% од Србите веруваат дека светот го создал Бог, а 42% дека е последица на голема експлозија. Од друга страна, пак, 57% од Хрватите веруваат во големата експлозија, како и 57% од Бугарите и 53% од Словенците, додека 49% од Романците сметаат дека вселената ја створил Бог.
Околу 40% од Србите не веруваат во вонземјанци, а ист процент на луѓе веруваат во спротивното и дека сеуште не сме стапиле во контакт со нив. Србија има голем број луѓе кои се плашат дека вонземјанците ќе завладеат со нашата планета и тој број е доста поголем од истомислениците во другите југоисточни земји во Европа.
Околу 67% Хрвати мислат дека вонземјанци постојат, а 2/3 од нив велат дека тие веќе стапиле во контакт со нас, но тој факт се чува во тајност.
Како се приближува 2012 година и се спомнува крајот на светот, многу испитаници во сите пет земји сметаат дека причината за тоа ќе биде природна катастрофа. Во верскиот крај на светот најмногу веруваат Романците.
Секои 2-ца од 10 испитаници велат дека сакаат да живеат вечно. Кај Србите и кај Словенците оваа желба е помала. Бугарите, Хрватите и Словенците сакаат да живеат подолго, помеѓу 100 и 200 години, но не вечно.
Истражувањето е спроведено во август и септември врз околу 3000 мажи и жени во сите пет земји. Испитаниците се постари од 18 години и се жители на градски подрачја во југоисточна Европа.