Малку е познато што всушност се случува за време на оргазмот во женскиот мозок, но истражувачите направија снимки со магнетна резонанса кои покажаа дека женскиот мозокот за време на оргазмот “свети” во околу осумдесет мозочни регии!
50-годишната Нен Вајс, која по професија е секс терапевт, дозволила да се снима нејзиниот мозок за време на оргазам. Професор Бери Комисарук, кој го направил снимањето, се надева дека ова истражување ќе помогне во разбирањето на човечкиот мозок.
„Овие фотографии ја претставуваат мозочната активност за време на оргазмот, а на нив можете да видите различни нивоа на кислород во крвта. Тие се прикажани во црвена боја (најниската активност) и жолта и бела (за максимална активност). Како што може да се види, за време на оргазмот женскиот мозок речиси целосно свети“, вели професор Комисарук.
Мозочната снимка на женскиот оргазам изгледа како вистински огномет. За време на оргазмот целокупната активност на мозокот е насочена кон хипоталамусот, кој ослободува окситоцин, а по оргазмот „светлината“ во мозокот значително се намалува.
Погледнете како изгледа женскиот мозок за време на оргазам:
http://www.youtube.com/watch?v=Xd8qeaKIacA