Непознат напаѓач уште од 7 август пука по автомобили кои се движат на околниот автопат во близина на Ротердам, соопштила холандската полиција.
Досега, тој погодил 37 автомобили на кои успеал да им ги оштети прозорците, но за среќа се уште никој не е повреден.
“Тој или пука од автомобил, или е сокриен негде во близина на автопатот,” изјавил за АФП портпаролот на полицијата Франс Зујдерхок.
Полицијата не успеала да пронајде куршуми во оштетените автомобили, и се претпоставува дека можеби напаѓачот пука од воздушна пушка или пиштол, што исто така е многу опасно.
Полицијата понудила награда од 10.000 евра за секоја информација што ќе доведе до апсење на непознатиот напаѓач, пишува АФП.
“Не знаеме дали станува збор за една личност или повеќе”, признал Зујдерхок, додавајќи дека полицијата не успеала досега да утврди за кој тип на куршуми станува збор.