Во градот Гонџи во кинеската провинцијата Хенан, 30-годишен маж во близина на градинка со секира убил едно девојче, а подоцна убил и уште три возрасни лица. Повредени биле уште две лица, од кои едно било мало дете.
Локалните жители го идентификувале напаѓачот како локален фармер, кој веќе долго време имал нарушено ментално здравје, пишува Sky News.
Инаку, Кина во последните две години, е позната по слични вакви инциденти, каде мета на напади се училишта, детски градинки и домови за стари лица.
Пред околу еден месец млада жена со нож нападнала деца во градинка, каде биле повредени осум дечиња. И во овој случај жената имала нарушено ментално здравје.