Заблуди за бисексуалците

popara22 јули, 20111min01
lesbian-kiss

Се поголем број луѓе стануваат свесни за својта бисексуалност. И покрај тоа има многу луѓе кои сеуште не знаат што всушност значи бисексуалността. Еве неколку заблуди за бисексуалноста кои немаат никаква врска со реалноста.

БИСЕКСУАЛЦИТЕ ПОДЕДНАКВО САКААТ МАЖИ И ЖЕНИ

Погрешно. Секоја личност ја доживува својата бисексуалност на едниствен начин. Ако маж има сексуална врска со жена, а во исто време го привлекуваат и мажи, тогаш тој е бисексуалец. Истото важи и за жените. Мора да се спомене дека многу луѓе ги привлекува истиот пол до одреден степен. Но ако тоа им се случи во реалност, можат да почувствуваат одбивност од погледот на голо тело на личност од истиот пол.

БИСЕКСУАЛЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ВЕРНИ

Исто како и хетросексулците и хомосексуалците, бисексуалците можат да се заљубат и да бидат верни на своите партнери. Во врските важат исти парвила без разлика од нивната форма.

БИСЕКСУАЛЦИТЕ ГЛУМАТ – КОГА БИ САКАЛЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ ОДЛУЧАТ ДА БИДАТ ХЕТЕРОСЕКСУАЛЦИ

Глупости. Ако се чувствувате бисексуално, тогаш не можете да бидете хетеросексуалец, колку и да се обидувате. Докажано е дека ние не ја бираме сексуалната ориентација и немаме никакво влијание врз неа. Тоа само го чувствуваме. Исто како што може да се почувствуа дали сме хетеро или хомосексуалци, и бисексуалците го чуствуваат тоа во себе.

БИСЕКСУАЛЦИТЕ СЕ ХОМОСЕКСУАЛЦИ КОИ НЕ ПРИЗНАВААТ

Погрешно. Бисексуалноста не е хомосексуалност, затоа и има друго име за да се разликува од останатите сексуални ориентации. Можно е бисексуалците во одреден период да ги привлекува истиот пол, а во друг период спротивниот пол.

 

One comment

  • Bohoush

    22 јули, 2011 at 08:23

    “Докажано е дека ние не ја бираме сексуалната ориентација и немаме никакво влијание врз неа. Тоа само го чувствуваме.”
    Пуста надеж дека можеме да правиме што сакаме и да имаме оправдание за тоа. Од друга страна ако се откажеме од себичноста, ја отфрлиме сугестијата како владеач и пристапиме кон конструктивен живот, сите тие таканаречени вродени ориентации ќе исчезнат.
    На вас е изборот, дали ќе се понижувате и ќе ја газите совеста, или ќе изберете да барате излез од замките на расипаниот свет!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag