Заборавете на силиконите, постои и друго решение!!!

popara8 септември, 20111min00
silikon

Колку пати до сега сте помислиле дека би било супер вишокот од стомакот и од задникот да може да го пренесете на пример, во малите гради или во слабите нозе??? Еве да Ве израдуваме, наскоро и тоа ќе биде можно!!!

Станува збор за нов метод насловен како „Природно зголемување на градите“ (Natural Breast Enhancement), со кој наместо опасните силикони, за зголемување на градите ќе се користи масно ткиво од оние делови на телото каде што имате вишок.

Оваа метода станува се повеќе популарна и тоа заради неколку причини. Прво, силиконите се балони наполнети со солена вода, за кои е потребна прецизна хирушка интервенција за да бидат вградени, а постои опасност и да пукнат. Исто така, силиконите се почесто се поврзуваат со можноста да се добие лимфом, а не претставуваат трајно решение, туку бараат корекции одвреме-навреме.

Со новата метода се користат масни наслаги од телото, односно од оние места каде што има вишок. Масното ткиво се зема преку липосукција и се вметнува во градите, а резултатите се одлични. Верувале или не, нема негативни последици на здравјето на пациентите, ниту пак ризик дека телото ќе го отфрли имплантот, бидејќи не станува збор за „страно тело“, туку за ваше сопствено масно ткиво. Она што е добро е дека оваа процедура може да се изврши и кај слаби жени.

Им препорачуваме на љубителите на естетската хирургија да го пробаат овој метод, зад кој стојат врвни естетски хирурзи и научници од целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag