Елизабет и Џари МекДугал од Англија секојдневно биле шокирани кога гледале како им ги снемува златните рипки од нивното езерце во дворот на семејната куќа. Она што останувало од златните рипки биле само мали остатоци од нивните тела. Тие неколку пати купувале нови златни рипки, меѓутоа повторно за неколку дена златните рипки мистериозно исчезнувале.
Збунетите сопственици решиле да преземат дополнителни мерки за да откријат како нивните миленици исчезнуваат. Поставиле камера во дворот, купиле неколку нови златни рипки и чекале.
По неколку дена, дотогаш непознатиот крадец повторно им ги украл сите златни рипки, но овој пат бил снимен од безбедносната камера. Кога ги прегледувале снимките, семејството МекДугал откриле дека мистериозниот крадец е всушност видра, односно загрозен вид на видра која се мислело дека е изумрена во тие краеви.
Снимката била шок и за Агенцијата за заштита на животните. Тие биле изненадени од фактот дека овој вид на видра, за која се мислело дека е исчезната од 1970 година, успеала да се одржи како животински вид сите овие години.
httpv://www.youtube.com/watch?v=KryQmx4x_xY&feature=player_embedded