Закон против фотошоп во рекламни кампањи?! Добра идеја! :)

popara13 октомври, 20111min00
MADONNA-PHOTOSHOP

Бараат нов закон кој ќе забрани употреба на фотошоп во рекламите.

Американскиот брачен пар Сет и Ив Мејтлинс започнале кампања со која треба да се регулираат правилата за ретуширањето на манекенките, моделите, познатие лица во списанијата и рекламите.

Сет и Ив ја зпочнале кампањата бидејќи сакаат да ги заштитат децата и тинејџерите од лажни идеали кои имаат врска со физичкиот изглед, а кои се промовираат во рекламните кампањи. Тие сакаат во рекламите и списанијата да се напоменува дека моделот или лицето кое се појавува е „разубавена“ дополнително со помош на Фотошоп.

Едно истражување покажало дека 80% од  жените се чувствуваат недоволно привлечно поради фотографиите на кои славните или манекенките изгледаат нереално добро.

Брачниот пар Мејтлинс само го следеле примерот на сличните кампањи кои биле веќе покренати во Англија и Франција. Во Британија дури забранија две реклами во кои актерката Џулија Робертс и Кристи Тарлингтон се прменогу „дотерани“  со помош на обработка на фотографиите преку фотошоп.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma