Поранешната летна резиденција на Хабсбургс, Шонбрун палатата, е едноставно неприкосновена меѓу туристите. Овој прекрасен замок е најпосетената знаменитост на Виена. Како што кажуваат најновите бројки на туристичка асоцијација на Виена, вкупно 2,476.000 луѓе ги посетиле дворските одаи на барокниот сјај.
На второ место по посетеност е Зоолошката градина, која минатата година броеше 2,183.000 посетители, додека на третото место е големото тркало во паркот Пратер во Виена, кое во 2009 година броеше 640.000 луѓе.
Најновите податоци покажуваат дека “Кралскиот апартман”, “Сиси музејот” и “Сребрената одаја”, кои се дел од Хофбург палатата, стануваат се повеќе популарни меѓу туристите. Тие биле посетени од вкупно 586.000 луѓе.
Убавица на Барокот
Од 18 век до 1918 година. Шонбрун палата била резиденција на хабзбуршките цареви и е украсена во убав декоративен барокен стил, за кој се одговорни архитектот Јохан Бернард Фишер фон Ерлах и Николаус Пакаси. Во близина на замокот се наоѓа Зоолошката градина, една од најстарите зоолошки градини во светот, основана во 1752 година. Посебна атракција на градина и гордост на градината се пандите, кои денеска се многу ретки да се видат во заробеништво, а во природа уште поретко.
Без разлика дали се наоѓате во Виена за прв пат или пак се враќате по било кој пат, градот ќе ве маѓепса повторно и повторно ќе уживате во фасцинантните атракции кои овој град ги нуди.