ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 50 грама Путер
- 4 лажица/ци Маслиново масло
- малку Магдонос
- 2 чешниња Лук
- 300 грама Лосос
- 1 парче/чиња Лимон
- 1 мала лажица Бибер
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Лососот е риба која има умерено долго тело, покриено со ситни крлушки. Помеѓу грбната и опашната перка имаат перки или дебел набор на кожата.
Лососот живее во студените води.
Лососот се мрести во студените речни води и езера.
ПОДГОТОВКА:
Подлабок плех за печење подмачкајте го со растопен путер.
Лососот исечен на парчиња исто така премачкајте гo со растопен путер од двете страни.
Сокот и ренданата кора од лимонот, биберот, лукот, магдоносот и маслиновото масло ставете ги во блендер, па матете ги додека сè не се иситни и добиете густа смеса како мајонез.
Од оваа смеса со четка премачкајте го лососот од двете страни, па ставете го во премачканиот плех.
Плехот покријте го со фолија и ставете го во загреана рерна на 210 степени.
Печете го околу 20-25 минути.
Внимавајте да не се запече.
Лососот треба да остане сочен.