Колумбиската морнарица запленила подморница која била наменета за шверц на дрога. Подморницата е долга 31 метар, и е направена од оптички влакна. Таа може да пренесе и до осум тони дрога. Ја движи дизел мотор, а покрај тоа има и клима уреди и перископ. Властите изјавиле дека ова е најсофистицираната подморница која е досега пронајдена. Таа може да се движи на длабочина од девет метри под површината на водата. Колумбиските бзбедносни сили проценуваат дека подморницата може да стигне до Мексико и притоа да не излезе на површина. Оваа подморница била запленета во Тимбикију, областа со џунгли во југозападна Колумбија.