Минхен има да понуди многу повеќе од „Octoberfest“ кој оваа година се одржува од 17-ти Септември до 3-ти Октомври. Овој фестивал е еден од најпознатите во светот и едно од главните обележја на градот Минхен.
Оваа година се одржува 178-иот фестивал по ред. Доцна вечерта се носи пивото, а се поставуваат и шатори на најпознатите баварски пива. Потоа, градоначалникот на градот традиционално го отвора првото пиво и со тоа настанот се смета за започнат.
Наутро шаторите се отвораат во 10:30ч, а навечер затвораат околу еден саат пред полноќ. Најевтиниот литар пиво чини 8,90 евра.
Ако решите оваа година да наминете во Минхен за време на фестивалот, верувајте нема да се покаете. Само запомнете дека во шаторите не се пуши.
Храна, пиво и вино имате во изобилие!