Тео Јансен е Холандски артист и кинетички скулптор. Тој гради големи механизми кои имаат облик на скелети од животни, кои се способни да чекорат, користејќи ја силата на ветерот од плажите во Холандија.
Неговите трудови се сплотеност на уметноста и инженерингот. Во телевизиската реклама за автомобилската компанија BMW, Јансен вели: „ Ѕидот помеѓу уметноста и инженерингот постои само во нашите мисли.“
Јансен на своите креации им подари вештачка интелегенција која ќе им помогне да се адаптираат на промените, со други зборови сами да егзистираат и да живеат свој живот, таму на плажите во Холандија..
http://www.youtube.com/watch?v=WcR7U2tuNoY&feature=player_embedded